вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Страв од разобличување: За СДСМ професионалецот Ковачки е неприфатлив предлог, не го штитат Уставот туку Спасовски

Страв од разобличување: За СДСМ професионалецот Ковачки е неприфатлив предлог, не го штитат Уставот туку Спасовски

Врвен професионалец од сферата на безбедноста е предложен за функцијата технички министер за внатрешни работи, но првата пречка е одбивањето од страна на власта, како еден од доказите дека ќе направат сè техничката Влада и изборите да се избегнат.

Драган Ковачки е човек без дамка во својата кариера, не е познат како политички активист и за граѓаните неговото име како предлог беше позитивно изненадување.

Богата биографија предадена од Мицкоски во рацете на Заев, за премиерот изгледа беше негативно изненадување. Можеби се надевал на некој професионалец по негов терк, во наводници, секако. Некој како Оливер Спасовски кој според многумина е најнеуспешниот министер за внатрешни кој Македонија го имала во својата историја.

Но, нека говорат фактите наместо ние.

Кој е Ковачки, кој е Спасовски?

Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Има завршено повеќе високи школи и обуки во САД и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија.

Има успешно завршено обуки во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризмот. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада, началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Хрватска. Родител е на две деца и живее во Скопје.

Неговите колеги го оценуваат како бескомпромисен професионалец, лице со авторитет, почитуван во фелата.

Здружението за заштита на правата на вработените во МВР „Сигурност“, испрати писмо до јавноста во кое му дава целосна поддршка на кандидапот за технички министер за внатрешни работи, Драган Ковачки.

-Како вработени во МВР, целосно посветени на службата кон државата, сметаме дека е време професионалец како Драган Ковачки да ја превземе службата и работата на МВР. После подолг период неопходна е професионализација на МВР, чии структури се политизирани подолг временски период и особено изобличени со непрофесионални и нестандардни систематизации. МВР има потреба од професионалци кои ќе го спроведуваат законот. Нема министерство кое не доживува дисторзии кога во еден ден се пишуваат над 1.000 решенија за прераспределување на работните места и задачи. Ете токму тоа се случи последниот месец во Министерството за внатрешни работи. Треба да се стави крај на политизацијата на полицијата, а Ковачки е професионалец во кој веруваме. Стоп за политички решенија, да, за професионалци во МВР. МВР е комплексна структура каде редот и поредокот се најважни, пред се’ дисциплината и посветеноста, се вели во соопштението на „Сигурност“.

Оливер Спасовски е магистрант по управно право на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во неговата биографија е појасно изразена партиската работа отколку службената и професионалната.

Во 2000-та година работел како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово. Од  2008 до 2011 година работи како секретар на општина Куманово.

Во периодот 2006-2008, 2011-2014 и 2016-2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година бил министер за внатрешни работи, а на 31 мај 2017-та по трет пат е избран за министер за внатрешни работи.

Најголема поддршка тој има само од членовите и партиски симпатизери на СДСМ.

Страв од разобличување под превезот на “грижата“ за Уставот

Предлогот на Мицкоски наиде на отпор кај СДСМ со образложение дека според Уставот, Ковачки, како воено лице, не може да биде министер.

Како аргументација за неуставноста на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за правда, Рената Дескоска, се повика на членот 97 од Уставот, па не можејќи да најдат црна дамка во кариерата на предложениот кадар актуелната власт влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија.

Сепак, при своите коментари, Дескоска заборава дека не реагирала за истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник.

Од овде станува јасно дека Уставот од страна на СДСМ по ова прашање е користен како превез да избегнат професионалец да замени нивни сопартиец. Секој кој би дошол на местото на Спасовски за време на техничката Влада ќе има на располагање докази за сето тоа што го сработил или не го сработил идниот премиер на техничката Влада.

А бидејќи јавноста многу добро знае како работеше Оливер Спасовски, јасно е како ден дека професионалец на тоа столче ќе го разобличи владеењето на СДСМ во МВР.

Мицкоски посочи дека фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.

-Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта. А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Убијци во бегство и нерасчистени ликвидации, убиства среде улица, криминални пресметки, претепани и ограбени граѓани секој ден, запалени автомобили, сомнителна поврзаност со луѓе осудени за голем криминал…

Ова е секојдневието во Македонија откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни.

Потсетуваме на дел од работите кои се случија додека Спасовски е министер:

Убиството на Мартин Јанушев и бегството на убиецот и нарачателот. Откако речиси две години полицијата не можеше да го најде, Филип Секуловски, сам се пријави во затвор.

Убиството на Мартин Нешковски беше една од главните теми во кампањата пред избори на СДСМ. Додека СДСМ е на власт, а Спасовски министер за внатрешни работи, убиецот на Нешковски се дава во бегство.

Монструозно убиство на Пино Секондо. Момчето повеќе месеци се водеше за исчезнато. Потоа се обелодени дека е убиен, а беше познат и човекот кој го сторил ова кривично дело. Но, тој не е во затвор, туку е во бегство, македонската полиција не може да го пронајде.

Огромен број на осудени криминалци добија амнестија и излегоа од затвор. Сега тие се низ улиците, а секојдневните кражби и напади очекувано се поврзуваат со оваа одлука донесена во време на Спасовски.

Додека Спасовски е министер за внатрешни работи, специјалната јавна обвинителка заедно со сопственик на телевизија го прават „Рекет“. Бизнисмени биле жртва на рекетирање поради моќта на Катица Јанева, а државата не направи ништо да ги заштити. Блискоста на Спасовски со првоосомничениот Боки 13 е очигледна.

Во „Рекет“ гласно се спомнуваат имињата на високи функционети од власта, но засега никој од нив не е осомничен иако има индиции дека биле постојано во контакт со Јовановски.

Млад сопственик со млада фирма, доби ексклузивен бизнис со возачки дозволи тежок стотици илјади евра. Авто испитен центар Скопје, од конкурс ги елиминираше АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија. Фирмата на младиот сопственик е регистрирана на 19 јуни 2018, со минимален паричен влог од 5000 евра, а конкурсот на МВР на кој што и победи беше објавен на 25 јуни истата година. Серафимов лиценцата од МВР ја доби на 5 години.

Заташкување на насилството од партиските локални моќници. Градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш крвнички претепа човек и го држеше како заложник, но никому-ништо. Спасовски го заташка овој случај и Дудуш не одговараше за ништо.

Главно ветување на СДСМ пред своите гласачи беше дека екс-премиерот Никола Груевски ќе биде осуден. Груевски бега од Македонија и добива азил во Унгарија.

Убиства среде бел ден, како тоа на „Рузвелтова“ остануваат нерешени. Се зборува дека сторители се лица од подземјето на кои дури ни Спасовски не им може ништо. Ако тоа е вака, како граѓаните да се чувствуваат безбедни?

Полициските билтени секој ден се преполни со информации на нападнати и претепани деца и возрасни. Граѓаните се жртви на кражби насекаде.

Афера „Жолто Комбе 2“ е афера во која што постојат индиции дека вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР нуделе работа, со ресурси и комбиња на МВР оделе во десетина земји членки на НАТО и ЕУ вршеле одредени недозволени дејности за трета земја која што не е членка на НАТО и ЕУ.

На граѓани им беше вршен притисок да не излегуваат на протести, а полицијата под контрола на Спасовски правеше се за да ги угуши протестите.

Додека во друга држава, ваков министер веќе одамна би си поднел оставка, во Македонија Спасовски добива доверба од Владата да стане премиер во техничката влада.

Граѓаните, оправдано, се чувствуваат небезбедни во својата земја, својот град, својата улица. Ниту една силна битка против криминалот не го одбележа работењето на Спасовски на оваа функција. Но, очигледно, на СДСМ им треба ваков човек на чело на едно од најважните министерства во државата.

Низа скандали излегоа во јавноста за работењето на Спасовски, па се поставува прашањето колку вакви работи биле криени од јавноста.

Затоа професионалец на столчето во МВР, за СДСМ е идеја која влева страв. Страв дека некои работи ќе бидат ставени на очиглед на јавноста за тоа како идниот премиер во техничката Влада раководел со МВР и како тргувал со безбедноста на македонските граѓани.

Најнови вести