понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТОТАЛЕН ХАОС И БЕЗРЕДИЕ: Ќе има ли нов кластер „ПАСОШКО“?!

ТОТАЛЕН ХАОС И БЕЗРЕДИЕ: Ќе има ли нов кластер „ПАСОШКО“?!

Тотален хаос и безредие! Ова е сликата од одделението за управни работи во Скопје на МВР, или познато како „пасошко“.

Не се исклучува и можноста токму таму да се формира нов кластер на коронавирус, бидејќи во време кога епидемијата со коронавирусот е далеку од завршена, а донесени се и низа владини мерки, ваквото групирање е ризично.

Граѓаните кои уредно се јавиле на официјалните телефонски броеви да закажат термин за да извадат лични документи, чекаат со часови во гужвата за да се фотографираат.

Револтирани прашуваат зошто не се почитуваат термините кои им се закажани и зошто чекаат и по неколку часа.

Од овластените лица поставени таму, нема никаков одговор! Полицајците се поставени како редари, но во таа гужва е тешко да се запази редот.

-Ако имаш врски, ќе си влезеш и ќе си завршиш работа веднаш, но доколку немаш ќе си чекаш „ред“, вели граѓанин кој дошол да се фотографира за пасош по итна постапка.

-Ја донесов мајка ми во 8 часот наутро и повеќе од 3 часа чекаме тука, за да ја повикаат да се фотографира, вели друго лице.

– Плаќаш за пасош по итна постапка, а чекаш со часови за да те фотографираат, потоа чекаш со денови да го подигнеш пасошот. Каде е тука „итното“?, прашува револтирано граѓанин.

-Зошто закажуваме телефонски, кога не можеме да влеземе? Треба да изгубиш цел ден за да извадиш еден документ. Ништо не е запазено, вели друг граѓанин.

По поплаките, во текот на вчерашниот ден, отидовме на лице место да ја видиме ситуацијата, која е токму онаква како што ја опишуваат граѓаните.

Иако се легитимиравме, од страна на полициските службеници не ни беше дозволено да ги фотографираме редиците од нервозните и уморни од чекање граѓани. Па, за да не ескалира дополнително ситуацијата, ги испочитувавме „наредбите“.

Но, граѓаните не се единствените кои се револтирани, туку и вработените.

Гужвите се создаваат само во одредни кабини, каде еден вработен работи по три списоци, како за тројца вработени, додека други кабини зјаат празни. Вработените си седат без работа, затоа што никој немало закажано кај нив.

-Ако се организираат и се пополнат кабините кои се празни, нема да има ваков хаос во ходниците и пред вратите. Една кабина работи турбо, во други вработените си одмараат, велат граѓаните.

Дали/зашто/кој направил превид? Ова е прашањето кое останува отворено.

Безредието, не е само од едната страна на „пасошко“.

Истото ова владее и од другата страна, односно во зградата на МРТ во делот каде МВР ги издава личните документи. И за подигнување на документите се чека по неколку часа.

Цел изминат период, сите бевме сведоци на голем хаос за закажување и издавање на пасоши, па затоа сега граѓаните се принудени да чекаат и со часови за да го подигнат својот.

За некого можеби „7“ е среќен, но за во „пасошко“, молете се да не ви се падне баш тој број. Токму кабина 7 е „несреќна“ во случајов.

(K.B.)

Најнови вести