– Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката, но и јавноста во Тиквешијата.
Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија.
МИА се обрати до МВР и Обвинителство и се очекува официјална информација од нив во текот на денот.