вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Усеини за ТВ24: Расправајте се со други дивоградби

Усеини за ТВ24: Расправајте се со други дивоградби

„Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен. Расправајте се со други дивоградби“.

Ова е коментарот на советникот од Општина Охрид, Нефи Усеини на прашањето на ТВ 24 зошто со свечена церемонија синоќа ја отвори пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид, за која има и решение за рушење? И зошто како советник не ги почитува ниту решенијата на инспекторите, ниту законите?

-Црвената лента на церемонијата ја пресече неговиот партиски другар од ДУИ градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Мерко денес ни спушти слушалка и не одговори зошто како градоначалник сечел лента на објект дивоградба. На отварање присуствуваа и повеќе јавни личности од политичкиот живот во земјава. По сечењето на лентата од Мерко, забавата продолжи со десетминутен громогласен огномет. Денес молк и од градоначалникот на Охрид, Георгиевски. Тој не одговори ниту на нашите повици, ниту на пораките зошто дозволи да се отвори објектот на неговиот советник, за кој во повеќе наврати најави дека ќе се руши. Георгиевски само пред неколку дена во емисијата на ТВ 24 Тренд Анализа беше категоричен дека објектот ќе се третира како и сите дивоградби, односно ќе се отстрани, објави телевизијата.

„Последен контролен записник имаме мислам од 26-ти ан состојбата. И покрај донесените акти од страна на инспекторот, инвеститорот таму продолжил со градба. Тоа е негова да речеме одговорност. Тука станува збор за дива градба која ќе биде третирана исто како и сите други.

Тоа значи?

Ќе се отстрани.

Не може да биде легализирана зошто имаме записник од инспектор.“ – изјави Георгиевски.

На 25 март Општина Охрид му даде рок од десет дена на Усеини сам да ги урне металната конструкција и платформата на која е поставена таа оти нема одобрение за нивно поставување, ниту одобрение за градење на деловите од цврста градба во заштитеното јадро на Охрид.

Целата вест погледнете ја на ТВ 24.

Најнови вести