петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ванковска: На една жена и падна шок бомба во скут, еден пријател е застрелан со гумен куршум

Ванковска: На една жена и падна шок бомба во скут, еден пријател е застрелан со гумен куршум

Солзавец, шок бомби и гумени куршуми употреби полицијата против демонстантите кои денеска протестираа пред Собранието против Договорот со Грција за промена на името кои денеска беше потпишан.

Професорката Билјана Ванковска кој учествуваше во протесто преку својот Фејсбук профил информира дека на протестот има повредено, но и оти на една жена шок бомба и паднала во скут.

-На жена во паркот и паѓа шок бомба во скут! Не знам дали има потешко повредени. Јас уште се борам со здивот и очите, пишува Ванковска.

Освен тоа, таа пишува и дека еден човек добил гумен куршум во ногата.

Вели дека обичниот народ нема прирачници од Сорос за прва помош при солзавец, дополувајќи дека имала проблеми со дишењето.

Најнови вести