среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ванковска: Пописот уште не почнал, а веќе е пропаднат

Ванковска: Пописот уште не почнал, а веќе е пропаднат

Универзитетската професорка Билјана Ванковска преку статус на Фејсбук пишува дека пописот уште не почнат истиот е пропаднат.

-Уште не почнал пописот, а веќе е пропаднат. Сите нормални држави се подготвуваат за четвртиот бран на ковид-19 )пикот би бил во април) и одложуваат пописи, а овие ќе ги казнуваат со затворски казни оние кои им го пробиле никаквиот систем и ни се закануваат за евентуално одбивање попишувачи дома. Досега имав (теориска) дилема дали сме распадната држава – сега веќе немам.

Овде нема НИТУ ЕДНА работа што функционира! Дури и парламент не можат да одржат во функција… Мислев да им советувам на ќерките да се попишат од странство, но сега гледам дека е сето тоа бесмислено – ова не е попис, ова е етничко пребројување и одржување на коалиција која не функционира никако освен поради тендери и етнички концесии. Мислам дека ќе биде добро ако нештата се доведат до АПСУРД: нека Македонците бидат малцинство, за да си одговара на реалните односи на моќ, стои во нејзниот пост на Фејсбук.

Уште не почнал пописот, а веќе е пропаднат. Сите нормални држави се подготвуваат за четвртиот бран на ковид-19 )пикот би…

Posted by Biljana Vankovska on Вторник, 02 март 2021

Најнови вести