сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Величковски: Либералната партијата прејде во движење затоа што не ги прифати непристојните предлози од Заев

Величковски: Либералната партијата прејде во движење затоа што не ги прифати непристојните предлози од Заев

Во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија последниот македонски либерал Ивон Величковски дипломиран политиколог, изјави дека партијата прејде во движење затоа што не ги прифати непристојните предлози од власта или Зоран Заев.

-Во одреден период дадовме поддршка на одредени кандидати на претседателските избори, но јас во меѓувреме дадов оставка затоа што мојот услов беше дека јас неможам да дадам поддршка на политиките на Зоран Заев. И сега партијата нека си бира кандидати.

Инаку, влеговме во кампања и има многу бомби, но сега во услови на корона криза која што нели е измениџирана од владата како што е измениџирана, сега се сели од реалниот во виртуелниот свет, и сега луѓето ќе слушаат м,ногу работи но, некој ќе се сепне и ќе каже упс, чекај малку да не претераме. Бидејќи сигурно дека и вие и ја и во амбасадите знаат дека има и други бомби кои што сум убеден дека нема да ги чуеме. Бидејќи доаѓаме до нелогичности, рече Величковски.

Најнови вести