Македонија и Украина колку и да се различни, сепак, ги поврзува една работа, а тоа е Закон за употреба на јазиците на помалите етнички заедници.
Украинската влада соочувајќи се со голем број на предизвици во последните години како што е смената на власта, политичките превирања, војната со отцепените региони и загубата на Крим од страна на Русија, сепак како прашање го постави нивниот закон за јазици што на некој начин и ја подели земјата и беше повод за конфлит со населението кое не се чуствува како дел од Украинскиот народ.
Украина како и Македонија е мулти-етничка држава. Според бројките, етнички Украинци се сметаат дека се 77.8% од популацијата. Втората најголема група се Русите со 17.3%, па Белорусите со 0.6%, Молдавците со 0.5 % итн. Но кога се работи за колкав процент од населениот каков јазик зборува, ситуацијата е малку поинаква. 67.5% од популацијата во Украина го има наведено украинскиот јазик како нивен мајчин јазик а речиси 30% го декларирале Рускиот јазик како мајчин јазик.
Поради ваквата ситуација на 27 октомври 2010 година претседателот на Парламентот на Украина (Врховната Рада) упатува барање до Венецијанската комисија да подготви легално мислење на предлог законот кој се однесува на “Јазиците во Украина“ .
За разлика од СДСМ и Зоран Заев кој со денови ја лажеше македонската јавност дека законот ќе биде поднесен до Венецијанската комисија, Украинците тоа го направиле во согласност со сите процедури и прописи пред да се донесе законот.
Одговорот од Венецијанската комисија на документот CDL-AL(2011)008 пристигнал речиси една година подоцна и е усвоен на 86-тата Пленарна седница која се одржала на 25-26 март 2011 година.
Во заклучоците на Венецијанската комисија се вели дека предлогот на законот ги задржува главните принципи на зајакнувањето на статусот на украинскиот јази како државен јазик и дека тоа главна алатка на кохезија и интеграција во самото општество кое е корен на украинскиот Устав. Но Венецијанската комисја забелешка дава дека предлог законот е небалансиран и во голема мера го заштитува Рускиот јазик без притоа да води мерка да се дефинира украинскиот јазик но и на другите регионални и малцински јазици.
Ваквиот предлог закон ќе ги зголеми јазичните бариери во самата држава наместо да ги намали. Истата ситуација ја имаме и во Македонија. Новиот предлог закон го издигнува албанскиот јазик на сметка на останатите јазици и со тоа ќе се продлабочи јазот не само помеѓу македонскиот и албанскиот јазик туку и спрема другите јазици.
Понатаму во препораката на Венецијанската комисија се вели дека треба да се воспостави баланс помеѓу заштитата на правата на малцинствата и сочувувањето на државниот јазик како алатка на интеграција во општеството.
И во едно друго одлучување од 2017-та година со реден број CDL-AD(2017)030 за употреба на украинскиот јазик во образованието, Венецијанската комисија и дава легитимитет на државата да го промовира и зајакнува Украинскиот државен јазик и тој да биде изучуван од сите се со цел полесна интеграција на малцинствата во Украинското општество.
Кај нас во Македонија целокупниот процес почна наопаку. Прво се изгласа на еден крајно неуставен и неделовнички начин законот за јазиците па дури потоа од Владата рекоа дека ќе го праќаат на проверка во Венецијанската комисија. Многу експерти укажаа дека досега не е забележано да се прати веќе изгласан закон, а пример за тоа се украинците каде бараат мислење на предлог закон.
Со ваквата одлука на венецијанската комисија се поставува прашањето дали истите критериуми ќе ги применува и во македонскиот случај. Во овој случај со овој закон се промовира само една заедница и не придонесува за интеграција во општеството туку баш напротив јазот помеѓу двете заедници се продлабочува до максимални граници.
Друга најважна работа е што во подредена ситуација се ставаат другите малцинства на сметка на албанската заедница. Ваквиот закон во голема мера нема да придонесе за поголеми права на малцинствата и е вовед за билигвална држава што Венецијанската комисја предупредува и во случајот со Украина.