недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ветеринарите револтирани, од следната недела штрајкуваат – ова се нивните барања!

Ветеринарите револтирани, од следната недела штрајкуваат – ова се нивните барања!

Ветеринарите од вторник, 17-ти мај, стапуваат во штрајк.

Ќе се затворат вратите на ветеринарните амбуланти само за извршувањето на функциите кои се поврзани со обврските кои им ги налага државата, а за кои не се постигна договор да се зголемат цените кои треба да ги плати државата за овие услуги.

Сепак, ветеринарите остануваат на своите работни места и ќе се примаат домашни миленици и ќе се вршат прегледи и на стока за која има потреба, но нема да одат на терен да земаат крв за бруцелоза и други испитувања, нема да издаваат сартификати потребни за да се носи стока на добиточните пазари и нема да се вршат пописи кои се важни за сточарите да добијат субвенции.

До огромниот револт кај ветеринарите дојде откако последните месеци интензивните преговори не дадоа никаков резултат и цените по кои тие ги извршуваат годишните нареди на државата останаа ниски во услови кога сите трошоци за нафта, за плата на вработените и другите давачки неколку кратно се зголемени. Само како за споредба за ставката земање крв од овци за испитување, што е слично како капитацијата кај матичните доктори, во земјава ветеринарите кои треба да појдат и до најдалечните планински села добиваат по 65 денари додека во Србија за истото се плаќаат по 165 денари, а во Хрватска по 492 денари, објави Канал 5.

Во земјава има околу 160 ветеринарни друштва кои вработуваат над 1200 луѓе од кои 500 се доктори по ветринарна медицина кои извршуваат исклучително важна општествена функција односно се грижат она што го јадеме да е здраво и безбедно. За нивните барања за зголемувања на цените вкупно државата треба да одвои околу половина милион евра.

Прилогот на КАНАЛ 5 погледнете го во продолжение:

Најнови вести