Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска дејствуваше во реонот на Дојран, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 12 часот.
-Притоа хеликоптерот на МВР (Мi171) во 20 налети прецизно фрли над 50 тони вода врз најкритичните точки и со поддршка на локалните пожарникари пожарот е локализиран, информира МВР.