Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на состанок на општинскиот комитет на партијата во Кисела Вода.
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ со аплауз и овации беше пречекан во преполната сала, каде партиските членови топло го примија и го поздравија.
На состанокот се разговараше за актуелната политичка ситуација, начинот на дејствување во периодот што следи, како и реорганизација на општинскиот и месните комитети.