Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, бара државен советник за здравство, но во посебните услови во огласот е наведено дека истиот треба да има завршено факултет за историски науки, што отвора сомнеж дека станува збор за наместен оглас.
Имено, на огласот за вработување на државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, покрај општите услови кои се бараат за вработување на лицето, во посебните услови е наведено дека истото треба да има завршен факултет на историски, економски или правни науки.
Упатените коментираат дека ова претставува класичен доказ дека огласот е наместен, а едното лице кое треба да се вработи е веќе претходно одбрано, па согласно неговите квалификации Владата пушта оглас за тоа да може да ги „исполни“ истите.