Премиерот Зоран Заев во текот на едно негово обраќање, остави отворен пат за прашањето за легализација на марихуаната. Иако самиот заев смета дека Македонија се уште не е подготвена за ова, тој рече дека светските трендови се движат кон користење на марихуаната за задоволство. Светот го прави тоа заради туризам, а дискусијата во Македонија за ова останува отворена, рече Заев.
Потсетуваме дека ТВ21 пред 4 дена цитирајќи доверливи извори, информираше дека Владата во Скопје сериозно го разгледува прашањето за легализација на марихуаната, а во првата тест фаза, да формира два мини – Амстердами, Охрид и Струга, но тогаш од страна на портпаролот на Владата инфорацијата беше демантирана.