сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта се ќе направи за да има избори: Повлечен предлогот за воведување полициски час

Власта се ќе направи за да има избори: Повлечен предлогот за воведување полициски час

Нема владина одлука за полициски час поради зголемената појава на вирусот. Аргументите за и против, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче да го повлече предлогот и да го врати до Комисијата за заразни болести, дознава Алсат М.

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржува 63-тата седница, а на дневен ред се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информираа вчера од владата, денеска се очекуваше Комисијата за заразни болести да изнесе предлог мерки за спречување на заразата со Ковид 19, а се предлага полициски час во жариштата од 22 до 5 часот.

Најнови вести