петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Бугарија е коренот на сите проблеми за Македонија, затоа е потребен Референдум за негово отфрлање, Ковачевски да не бега

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Бугарија е коренот на сите проблеми за Македонија, затоа е потребен Референдум за негово отфрлање, Ковачевски да не бега

Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати Референдум. А, со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори. Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е коренот на сите проблеми и затоа е потребен Референдум и мобилизација на народот против него. Не може само Македонија да презема обврски, а Бугарија да условува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е отровното дрво кое раѓа отровни плодови, а последиците од таквиот договор ги гледаме денес.

– Овој договор со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентитет и историја. Затоа, само Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според истражувањата над 60% од Македонците би го подржале Референдумот. Антимакедонската СДС треба во најмала рака да ја подржи иницијативата и да дозволи да се слушне волјата на граѓаните, но тие бегаат од Референдум затоа што знаат дека народот е против нив и против нивните погубни политики од кои само Македонија губи, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести