недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Корупцијата на Спасовски и СДСМ ја опустоши Македонија, мора да бидат поразени, да одговараат и да го вратат украденото

ВМРО-ДПМНЕ: Корупцијата на Спасовски и СДСМ ја опустоши Македонија, мора да бидат поразени, да одговараат и да го вратат украденото

Спасовски, Заев и СДСМ покажаа дека поддршка даваат во овие три години само на криминалот, корупцијата и рекетот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски кога ги кажува истите препакувани и надградени лаги од 2016-та, треба да пресмета колку лица со социјална помош, колку минимални и просечни плати има во изрекетираниот куфер Луј Витон.

Колку средства за поддршка на децата од ранливите категории семејства можеа да се поддржат со милионите евра изрекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршиле кај Зоран Заев.

Се присутната корупција која ја донесоа Спасовски, Заев и СДСМ ја уништува и осиромашува Македонија. Затоа клучен предуслов за напредок на Македонија и посреќни граѓани е Заев, Спасовски и СДСМ да бидат катастрофално поразени на претстојните избори.

СДСМ, Спасовски  и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова“-порачуваат од партијата!

Најнови вести