Од партијата не наведуваат детали зошто тие донесоа ваква одлука, само посочуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицковски во 13 часот ќе одржи прес-конференцикја на која таа ќе биде образложена.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 27. седница на која треба да бидат разгледани предлозите на претседателот Ѓорге Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат нови уставни судии. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците. Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет други, како и седници на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната седница.