четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Скопје казнети 246 возачи

Во Скопје казнети 246 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, 11 за претовар, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 6 прекршоци што ги чинат пешаците, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 44 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението на МВР.

Најнови вести