Освен нивото на Вардар кај Велес и на Црн Дрим кај Ложани, водостојот кај сите остантите реки во државата е под просекот за декември.
Според денешните мерења направени од УХРМ, нивото на Црна Река кај Новаци и на Сатеска кај Ботун е двојно понисоко од декемврискиот просек.
Нивото на водата во Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро е во рамки на просекот за декември.