Намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла има на патниот правец Катланово-Велес, Неготино, Демир Капија и Струга, информираат од ЈП Македонија пат.
Оттаму додаваат и дека на повисоките и осојничави места коловозите се наместа влажни, а на одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно по суви коловози.
Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.