Вчера наутро на Божиќ избувнал пожар во една од канцелариите на СВР Куманово. Пожарот е изгаснат откако интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари, а пријавен е во 8 часот и 10 минути.
Во пожарот била зафатена една канцеларија на аналитика, која се наоѓа на вториот кат во зградата на СВР Куманово, информираа од кумановската полиција.
Од МВР велат дека по извршениот увид констатирано е дека причина за настанување на пожарот е дотраената електрична инсталација.