сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

За брзо возење казнети 261 возач

За брзо возење казнети 261 возач

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач.

Од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 127 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести