среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За Царовска греењето на училиштата е расфрлање пари!

За Царовска греењето на училиштата е расфрлање пари!

Учебната години започна со голем број проблеми, а за тоа никој од надлежните не понесе одговорност.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска вчера на прес конференција посочи дека се разгледува можноста наставниците да држат онлајн настава но од своите домови. Причина за ова Царовска ја поврзува со тоа што не било рационално да се загрева цела училница за еден наставник.

По ова изјава на Царовска кај граѓаните се појави прашањето дали Царовска со оваа изјава признава дека се спрема целиот образовен процес да се одвива онлајн и со тоа ќе се стави клуч на сите училишта во државата.

– Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник. Сега наставниците држат настава од училница, но сега навистина нема потреба да се расфлраат средства. Може да се донесе одлука тие да работат од дома, но таква одлука ќе донесеме заедно со градоначалниците, изјави министерката Царовска при посетата на ОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Според наши информации дознаваме дека голем број на основни училиште од прво до трето одделение на своите ученици им ги поделиле корисничките имиња и лозинки за следење на онлајн настава, бидејќи можно е училиштата до ноември да се затворат.

-Моето дете е второ одделение. Пред неколку дена ни беа поделени кориснички имиња и лозинки за следење на онлајн настава, потврди родител.

По изјавата на Царовска за целосна онлјан настава кај граѓаните се појави и дилема дали со парите кои треба да се потрошат за греење во училиштата, владата и Царовска ќе ги искористат за да обезбедат ИТ-уреди за учениците кои немаат уреди за следење на наставата.Според проценките на МОН над 40.000 деца немаат ИТ-уреди за следење на онлајн настава.

Најнови вести