Автомото сојузот на Македонија информира дека од 06:35 часот утрово е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека поради снежни врнежи.
ОД АМСМ исто така информираат дека од 07:50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка.