среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев призна дека го „шитна“ другарот Филипче за да не ја предаде власта во рацете на Мицкоски

Заев призна дека го „шитна“ другарот Филипче за да не ја предаде власта во рацете на Мицкоски

Исклучително мислам дека Северна Македонија немала подобар министер од Венко Филипче во здравството. И што е причината? Зошто сега ги правиме промените? Граѓаните, иднината, татковината, надежта. Ако немав договор со Алтернатива можеби ќе имавме некое кревко мнозинство и тоа ќе значеше предавање на власта во рацете на Мицкоски кој С од Северна не кажува….

Ова денеска меѓу другото го изјави премиерот Зоран Заев по потпишувањето на договорот за коалицијата со Африм Гаши од Алтернатива.

Ваквата изјава на Заев е потврда дека личниот интерес за останување на власт е поголем од пријателството за кое самиот вели дека е големо.

-Алтернатива добива доста повеќе значајни одговорности во извршната власт. Заради тоа што ние сме веќе утврдено друштво на коалициони партнери и каниме некој да ни се приклучи, не е исто кога одиме заедно на избори. Кога каните некој треба да имате разбирање дека тој некој има сосема легитимни дилеми дали да влезе и да го крепи тоа парламентарни мнозинство или не, затоа што позиционирал претходно како опозиција. Кога некого каните тогаш нудите соодветно на неговите очекувања и разговарате за да го избалансирате. Водев грижа за Алтернатива, како што и Алтернатива водеше грижа за постојните партнери. Точно е дека тие се повеќе од она што БЕСА го имаше како коалиционен партнер, изјави денеска Заев.

Откако неколкумина новинари го прашаа Заев за смената на Филипче од министерската позиција, зад кој многупати во изминатиот период стоел лично, премиерот одлучи да го сврти одговори на шега. Па, така вели, сега Филипче ќе бил подругар со него.

-Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Делот на здравство министерот Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тоа е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него, рече Заев.

Иако кадровското решение за Министерството за здравство се уште не е познато, во јавноста веќе се шпекулира дека наследник на Филипче ќе биде стоматологот Беким Сали, кој беше и кандидат на Алтернатива за прв човек на општина Чаир.

Дел од медиумите објавуваат дека за заменик министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски.

Најнови вести