понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затвор до една година за непочитување на мерките против ширење на коронавирусот во Македонија

Затвор до една година за непочитување на мерките против ширење на коронавирусот во Македонија

Парична казна или казна затвор до една година, се предвидува според членот 206 од Кривичен законик за граѓаните кои нема да ги почитуваат препораките на Владата против ширење на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференцијата по седницата на Владата на која ги објави мерките, кажа дека сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат кон нив, ќе бидат казнети според член 205 и 206 од Кривичниот законик, анализира порталот Сакам да кажам.

„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, стои во член 206 за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука градинките, училиштата и факултетите да се затворат 14 дена. Брeмените жени и хронично болните, како и еден родител на деца до 10 години да се ослободат од работа.

Најнови вести