недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

86 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

86 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) на територијата на СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 86 возачи.

Од нив едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 37 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.