петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Богата програма за сечиј вкус: Еве какви настани ќе има во Домот за култура во Кавадарци

Богата програма за сечиј вкус: Еве какви настани ќе има во Домот за култура во Кавадарци

Во наредниот период во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци  следуваат повеќе настани.

Во среда, 22 јуни 2022, 20 часот, сала на Дом на култура Кавадарци, реприза на претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“ во режија на Диме Коцевски, а во изведба на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Четврток, 23 јуни 2022, месност Моклиште, ресторан – тераса “12 Другари“, во рамки на “Кавадаречко културно лето 2022“, детската претстава “Бајка за најките“ во режија на Димче Бањански, а во изведба на театарската група при Дом на култура “Мирка Гинова“ Демир Капија.

Сабота, 25 јуни 2022, 20 часот, сала на Дом на култура Кавадарци, реприза на претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“ во режија на Диме Коцевски а во изведба на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци

Понеделник, 27 јуни 2022, 19.30 часот, Галерија при Дом на култура Кавадарци, концерт на Страшо Темков и Сара Пројковска насловен како “Тиквешка рапсодија“.