сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кичевецот позитивен на коронавирус работел надвор од земјата и бил во државен карантин

Кичевецот позитивен на коронавирус работел надвор од земјата и бил во државен карантин

Во последниот билтен објавен денеска од Центарот за јавно здравје за првпат беше регистрирано лице заразено со Ковит – 19 со постојано место на живеење во Кичево. Ова лице, како што информираат од Општина Кичево, во последите седум месеци не престојувало во градот туку работело надвор од државата.

Кичевецот позитивен на коронавирусот, допатувал во земјата и бил во државен карантин во Скопје и немал контакти со жители од Кичево.

Сепак, од општината нагласуваат дека граѓаните мора да бидат претпазливи и да ги почитуваат препораките на Владата.