Во недела, 12 септември, во периодот од 08 до 18 часот, жителите на Ресен и Преспа, 10 часа ќе останат без електрична енергија.
Од Електродистрибуција информираат дека прекинот ќе биде поради изведување работи на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа.