сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ристески: Помош од 5.000 денари за секој ученик запишан во прва година во СОУ” Св. Наум Охридски” во Македонски Брод

Ристески: Помош од 5.000 денари за секој ученик запишан во прва година во СОУ” Св. Наум Охридски” во Македонски Брод

Согласно Програмата за развој на културата, спортот и образованието во Општина Македонски Брод за 2022 година, Општина Македонски Брод во текот на денешниот ден ја реализираше активноста “Доделување на еднократен паричен надоместок во висина од 5.000, 00 денари за помош на ученици кои ќе се запишат во прва година во СОУ” Св. Наум Охридски” во Македонски Брод за учебната 2021/2022 година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот Ристески.

Тој напиша дека Општина Македонски Брод ќе продолжи со реализација на оваа активност и за наредните учебна години.