вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СКАНДАЛ: Професорка по македонски јазик од Кочани јавно омаловажувана од директор на училиште

СКАНДАЛ: Професорка по македонски јазик од Кочани јавно омаловажувана од директор на училиште

Дипломирана професорка од Кочани, во текот на изминатите два дена беше цел на вербални дискредитации и омаловажувања од страна на директори на основни училишта во Кочани. Оваа голгота на професорката која, истовремено е и познат активист за заштита на животната средина во Кочани, започна по објавување на пораката на директорот на ООУ „Раде Кратовче” – Кочани во локални интернет портали во Кочани.

Оваа вест ја објавува порталот БРЕГАЛНИЧКИ.МК.

…. Истата таа Ана Симонова, поборник за чист воздух и хуманитарец организира протести против загаден воздух додека е на боледување и иронијата да биде поголема оди на официјална средба на 08.11.2019 г. со градоначалникот и бара поддршка од него, чудна некоја волонтерка за на работа болна а за на улица здрава. Поради ова од моја страна и беше укажано дека го злоупотребува боловањето и треба да размисле како се однесува.

Ана Симонова, бивша Чаршавска, без тронка одговорност и свест пишуваш по социалните мрежи лаги и невистини со намера да ми извршеш некаков си притисок со што сакаш да се сокрие твоето неработење и крајно непрофесионално однесување.

АНА СИМОНОВА ЦЕЛИОТ ТВОЈ ЖИВОТ Е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА- пишува директорот.

По ваквата јавно упатена прозивка во јавноста се одзва и именуваната професорка:

“Јас и поедини колеги откако е дојден, сме мета на вознемирување во неговата канцеларија. Поточно, по неуспешната работилница закажана помеѓу здружението и училиштето, пред два дена, тој закажа наставнички совет кој беше одржан денес. На тој совет јавно бев прозивана за нашето здружение кое според него немало врска, беше прозван и Орце Николов како мој соработник. Бев навредувана пред 60-тина мои колеги и имав лични закани. Беа покажувани мои фотографии од безбедносната камера на неговиот телефон што е кривично дело а, се шпекулира дека истиот ја има инсталирано на неговиот телефон за да, ги контролира вработените и врз кој може да изврши притисок. Исто така бев лажно обвинета дека, случајот со бременоста на нашата ученичка произлегол во јавноста од мене. По наставничкиот совет не се чувствував добро, мојот сопруг ме однесе на болница од каде извадив лекарско за мојата состојба и сум на боледување.”

По ваквиот развој на настаните порталот стапи во контакт со оштетената професорка по што, таа изјави дека ваквата јавна објава на директорот ја смета за навлегување во нејзината приватност.

Фактот што директорот, макар индиректно го споменува нејзиниот прв брак ја навредува неа, но и ги повредува нејзините деца.

Во појаснувањето кое таа го даде за ситуацијата, оштетената професорка, за порталот соопштува дека станува збор за притисок, омаловажување и навреди кои се случиле на наставнички совет пред 60-тина други наставници.

Професорката напомена дека во јавниот линч и омаловажувања упатени кон неа, злоупотребени биле службените камери на училиштето и дека фотографии од нејзиното движење во училиштето биле прикажувани пред присутните преку телефонот на директорот.

По ваквиот епилог, оштетената наставничка потенцираше дека заради одбрана на своите права и нарушен професионален углед ќе се обрати до соодветните институции во државата.

Целата вест прочитајте ја на БРЕГАЛНИЧКИ.МК.