По налог на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје изминативе денови поставија над 100 заштитни столобови на булеварот Гоце Делчев, булеварот Трета Македоска Бригада, улицата 11-ти Октомври и на улицата Димитрие Чуповски.
На истите локации се санирани и постојаните заштитни столобчиња, кои беа оштетени од несовесни граѓани се со цел одржување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и за спречување на непрописното паркирање на возилата.
Денес екипите на Улици и патишта продолжуваат со поставување на заштитни столбчиња на останатите улици каде што има потреба од нивната функција, а во текот на наредниот период како дел од тековните активности на претпријатието паралелно продолжуваат активностите за одржувањето на сообраќајната опрема и сигнализација на градските улици и булевари.