Сообраќајна незгода попладнево се случи на булеварот „Партизански одреди“. Возач на автомобил „Опел Корса“ со скопски регистерски таблици се качи на жардињера.
Имено незгодата поминала само со материјална штета и без повредени лица во непосредна близина на Факултетот на туризам.
Причините се се уште не се познати, а полицијата во моментов го обезбедува местото на несреќата.