петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 119 возачи во Скопје

Казнети 119 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за минување на затворен сигнал (црвено светло) 13, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за нерегистрирани возила…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.