Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 5 за возење без возачка дозвола, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, две за минување на црвено светло и 58 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.