понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

На барање на граѓаните: 4 улици во Ново Село за првпат добиваат асфалт

На барање на граѓаните: 4 улици во Ново Село за првпат добиваат асфалт

По успешната работа во Кисела Јабука, каде екипите на ЈП Улици и патишта деновиве целосно асфалтираа пет улици во 46, 46А, 68, 4 и 6, продолжува изградбата на нови улици во Општина Ѓорче Петров – 4 улици во Ново Село за првпат добиваат асфалт, информираше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.

Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика.

Во овие пет населени места во Општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри, пишува Стојкоски на Фејсбук.