понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Наместо да ги заштити граѓаните, Темелковски се стави во заштита на урбаната мафија (ВИДЕО)

Наместо да ги заштити граѓаните, Темелковски се стави во заштита на урбаната мафија (ВИДЕО)

Неконтролираното издавање на градежни маркици од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски може жителите да ги чини загуба на своите домови, пишува Макфакс.

Се урна дел од улицата „Пандо Кљашев“  во Пржино поради изградба на нова зграда. Среќа е што во тој момент на улицата немало никој па нема повредени.

Иако жителите предупредувале дека до вакво нешто може да дојде, сепак тоа не го спречило градоначалникот Темелковски да ја издаде дозволата. Од она што може да се дознае од жителите на ова населено место е што градоначалникот Темелковски одобрил маркици и во парк-шумата на Водно.

Жителите се огорчени од ваквиот ингноратски однос од страна на општината и велат дека наместо да постапат по нивните пријави тие се ставиле во одбрана на урбаната мафија..

На жителите не им е јасно како градежната компанија “Хантерс“ добила воопшто дозвола за градба на тој простор. На жителите што живеат на улицата не им е јасно каде ќе се паркираат возилата за 12-те станови што се предвидени да се изградат на тој простор. Понатаму нема соодветено решение ниту за струја ниту за вода од страна на инвеститорот. И покрај ваквите пропусти сепак издадена е дозвола за градба на тој простор.

Макфакс ги пренесе сведоштавата на граѓаните од овој дел во Скопје, кои не можеа да го сокријат својот гнев кон Темелковски и неговиот тим.

Како дополнителен проблем на жителите е што патот до нивните домови е уништен од градежната механизиција. Тие не ја исклучуваат можноста да се појават одрони на други места додека целиот пат е со пукнатини, а оштетувања имало и на одводниот канал што се наоѓа покрај патот. Сите овие предупредувања биле препратени на време до општина Кисела Вода и до градоначалникот Филип Темелковски кој наместо да се грижи за граѓаните кои го избраа на последните избори тој сепак одлучи да застане во одбрана на урбаната мафија.