Денес Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Борис Настов направи увид во активностите на екипите за продолжување на санацијата и реконструкцијата на патеките во градскиот парк во делот кај Сточарскиот институт, позади Зоолошката градина.
Екипите на ЈП Улици и патишта ја продолжуваат санацијата на патеките кои имаат променлива должина и широчина од 3 метри и вградија асфалтна маса на вкупно 600метри квадратни површина.
По завршувањето на овие патеки, екипите продолжуваат наредните денови со санација на оштетените патеки, реконструкција која ќе продолжи да се изведува во фази и на останатите патеки, а на некои места во паркот и со изградба на нови патеки.