недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општината Ѓорче Петров донираше 100 прехрамбени пакети

Општината Ѓорче Петров донираше 100 прехрамбени пакети

Голема благодарност до нашиот пријател Г- дин Мунир Шемси, од Р.Италија, за обезбедената донација од 100 пакети прехранбени производи, кои во време на најголемиот раст на цените на продуктите, беа донирани на оние на кои им е најпотребно. Посетени беа социјално загрозени семејства во општината, а обезбедени беа и прехранбени пакети за црквата Св. Петар и Павле, информираат од општина Ѓорче Петров.

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам ги посетивме и граѓаните од исламска вероисповест во с.Никиштане.

“Голема одговорност и солидарност е да си помогнеме во најтешките денови, кога на секој поединец треба да му дадеме поддршка. Социјално загрозените семејства, посебно ги почитувам, бидејќи знам кога е потребно да се помогне полесно да ја поминат оваа криза”, истакна Александар Стојкоски по повод донацијата што ја организираше општина изминатата недела.

-Хуманоста, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, на Бајрам се исполнуваат со посетување на пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник. По тој повод им го честитам овој голем празник и им посакувам многу здравје, среќа, љубов, бериќет и меѓусебно почитување. Една насмевка, поддршка, внимание и топлина во нечиј дом за некого значи многу. Тоа се моите сограѓани за кои хуманите дела сами по себе говорат за големата неуморност, несебичност, човечност која ја споделуваме во овие моменти, истакна Стојкоски.