Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска работат на асфалтирање на улицата 23 во населеното место Волково која е во должина 120 метри и широчина од 3 метри на вкупна површина од 360 квадратни метри.
Досега во населеното место Волково асфалтирани се улица 3, улица бб, ул.73 и улица 21 на вкупна површина од околу 1700 квадратни метри. Градежните активности продолжуваат на следната улица број 77 во Волково.
По налог на Град Скопје, а во корелација со општина Ѓорче Петров екипите на ЈП Улици и патишта Скопје и во наредниот период ќе продолжат со асфалтирање и на останатите локални улици во населените места Волково, Ново Село и Стопански Двор согласно предвидената динамика.