недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски на терен: Продолжуваат градежните работи во Волково

Стојкоски на терен: Продолжуваат градежните работи во Волково

Градежните работи продолжуваат во Волково. Денес ги посетив жителите на кракот од главната улица што води до самата пруга. Улицата е доста фреквентна и со возила, но ја користат и многу пешаци, информира градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Задоволство кај мештаните е најважно, со овој проект се решава децениски проблем, бидејќи оваа е една од најстарите улици во овој дел на Општината.

Денес се изведуваат припремните активности, а веќе од утре ќе се постави и асфалт на коловозот.
Благодарност до екипата на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје кои со голема динамика ја вршат изведбата на предвидените коловози, пишува Стојкоски на Фејсбук.