недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

По одложувањето на Евросонг, што ќе се случи со песните?

По одложувањето на Евросонг, што ќе се случи со песните?

Вчера „ЕБУ“ објави дека Евровизија 2020, што требаше да се одржи во Ротердам е откажана.

Од организацијата на најголемиот музички натпревар во светот кажаа дека Евровизија е откажана бидејќи е невозможно толку голем настан да се одржи во условите во кои моментално се наоѓа Европа, а објасниле и зошто спектаклот не е одложен, како што се надевале многу фанови.

Едно од прашањето кое најмногу ги интересираше фановите на Евровизија е што ќе се случи со песните кои земјите учеснички ги избраа за овогодишниот Евросонг.

ЕБУ во своето официјално соопштение наведе дека одговор на тоа прашање сè уште немаат и дека одлуката ќе ја донесат откако ќе се консултираат со сите учесници.

Порталот „eurovisionary“ пишува дека се возможни неколку сценарија.

Според досегашните правила на натпреварот, песните кои учествувале на Евровизија не смееја да бидат објавени пред 1-ви септември, годината пред натпреварот.

Се разбира, правилата можат да бидат прекршени и да бидат изменети во исклучителни ситуации. Никој не може да се согласи дали на учесниците треба да им се даде опција за промена на песната.

Доколку се изведуваат истите песни, постои можност одредени земји во следната година да издвојат голема сума на пари за нивната да стане хит, што исто така не е фер игра.