среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Седум поранешни победници ќе бидат дел од Евровизија 2020

Седум поранешни победници ќе бидат дел од Евровизија 2020

Седум поранешни победници годинава ќе настапат на најпознатото музичко натпреварување „Евровизија“.

Сцената во Ротердам ќе биде домаќин на Џиљола Чинкети, кој победи во 1964 година за Италија со песната „Non ho l’età“, Холанѓанецот Лени Кухр, кој ја освои титулата во 1969 година со песната „De Troubadour“ и Гети Касперс, која ја донесе победата за Холандија во 1975 година.

По 34 години, на сцената ќе се најде и белгиската пејачка Сандра Ким, која победи на натпреварот за песна на Евровизија со песната „J’aime La Vie“.

Ќе гостуваат и Ирците Пол Харингтон и Чарли Мек Гитиган со песната „Rock Rock, n ‘Roll Kids“, победници во 1994 година, како и омилениот победник на Евровизија, Норвежанецот Александар Рибак со својата песна „Fairytale“.

Како гостин ќе се појави и минатогодишниот победник Данкан Лоренс со песната „Arcade“.

Инаку, Македонија со пејачот Васил Гарванлиев ќе го отвори овогодишениот музички натпревар.

Според објавата на официјална страна на Фејсбук на натпреварувањето, Македонија ќе настапи како прва земја во првата полуфинална вечер.