Соња Вуксановиќ вчеравечер го прослави роденденот, а Аца Лукас на адресата на ресторанот во кој славеше испрати букет цвеќе.
Ова беше убав и внимателен гест кон својата поранешна сопруга.
Но, сите кои ја прочитаа картичката со порака закачена за букетот, сфатија дека станува збор за иронија, а не за искрен подарок.
-Пораката закачена на букетот е малку шокантна, пренесуваат српските медиуми.
Аца го честита роденденот и напиша:
„Нека ти е среќен роденденот… (и патот)“, што би значело дека со својата поранешна сопруга засекогаш се поздравил.