Борис и Кери Џонсон го објавија раѓањето на синот, нивното трето заедничко дете и прво откако тој се повлече од премиерската функција на Велика Британија.
Френк Алфред Одисеј Џонсон е роден на 5 јули, според објавата на Кери Џонсон на социјалните мрежи.
Двојката веќе го има синот Вилфред и ќерката Роми, кои се родени за време на неговиот премиерски мандат, пишува Би-Би-Си.
На Инстаграм, Кери Џонсон рече дека семејството е „многу шармирано“ со новиот член.
Првото дете на Џонсонови, Вилфред, е родено на 29 април 2020 година, во првите месеци од кризата со Ковид 19, а нивната ќерка Роми се роди на 9 декември 2021 година.
Поранешниот премиер има четири возрасни деца со втората сопруга Марина Вилер и уште една ќерка од афера.
Тој немал деца со неговата прва сопруга Алегра Мостин-Овен.
View this post on Instagram