четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дара Бубамара купува уште еден стан на плажа – кога ќе прочитате каде ќе искешира 300 илјади евра за 70 квадрати ќе ви се заврти во умот

Дара Бубамара купува уште еден стан на плажа – кога ќе прочитате каде ќе искешира 300 илјади евра за 70 квадрати ќе ви се заврти во умот

Фолк пејачката Дара Бубамара одлучила да се почести со уште еден стан во Барселона.

Имено пејачката веќе има еден стан во истиот град, а сега пазарила уште еден, бидејќи како што пишуваат српските медиуми секогаш е паметно да се вложува во недвижности.

-Дара е заљубена во Барселона. И одговара енергијата на тој град, луѓето… таа секое слободно време го користи да отпатува таму со својот син Коста кој исто така е воодушевен од овој град. На пријателите таа неодамна им се довери дека разгледувала станови близу до плажа и дека се заљубила особено во еден од 70 квадратни метри кој чини вртоглави 300 илјади евра. Планира комплетно да го уреди и да го издава, таа за ова не сака да се зборува во јавноста, бидејќи никогаш не се фалела со недвижностите на свое име. Дара многу работи, но и многу троши, со годините наназад сфатила дека најдобро е да се вложува во квадратите и дека тука нема грешка, вели извор близок до пејачката.

Првиот стан на пејачката во Барселона инаку е двособен со огромна тераса и поглед на море.

Најнови вести