петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дечињата уживаат: Вака изгледа новогодишната еуфорија во домот на Ламбе Алабаковски во Америка (ФОТО)

Дечињата уживаат: Вака изгледа новогодишната еуфорија во домот на Ламбе Алабаковски во Америка (ФОТО)

Новогодишните празници ни се ближав, иако оваа година е поинаква од сите други, со украсување на домот сите барем малце ги фаќа еуфоријата по која се препознава периодот кој ни следи.

Јавните личности веќе започнаа да ги покажуваат домовите во новогодишно руво и секој од нив изгледа извонредно. Елка, лампиони, сијалички, Дедо Мраз, новогодишно украси се дел од домовите на познатите во месец декември. Некој поедноставно украсил, друг пораскошно, но сите прекрасно.

Иако естрадата оваа година нема да ја помине на сцена поради здравствената криза која не затекна, сепак се погрижи да се почувствува новогодишна атмосфера во нивните домови.

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски заедно со семејството односно сопругата Магдалена и синовите Димитриј и Михаил живее во Америка.

Иако тој не е присутен на музичката сцена, активен е на социјалните мрежи каде што некогаш знае да објави нешто од неговиот живот.

Овојпат, Ламбе го покажа новогодишниот амбиент во неговиот дом во Америка.

Имено, тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија од синчињата кои позираат пред новогодишната елка која е украсена со црвени и златни лампиони, а покрај неа може да се забележи и Дедо Мраз и други новогодишни украси.

Инаку, 2020та година за Ламбе беше среќна и успешна бидејќи вторпат се реалзираше во улогата на татко и го доби синот Димитриј.

Најнови вести