вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Денеска ќе наполнеше 74 години: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ ја симна црнината од себе, но не и болката во душата – еве како изгледа денес

Денеска ќе наполнеше 74 години: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ ја симна црнината од себе, но не и болката во душата – еве како изгледа денес
Sanjin Strukic/Pixsell

Сопругата на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ денеска се потсети на роденденот на својот сакан преку споделување на негова песна.

Имено легендарниот пејач денеска би наполнил 74 години, а по тој повод неговата вдовица Весна Драгојевиќ сподели емотивна објава на социјалните мрежи.

-Драг наш дедо, денеска 7.12 би наполнил 74 години. Тажни сме без тебе. Многу те сака твојата фамилија како што ти не сакаше нас, напиша Весна споделувајќи го неговиот хит „Kad mi dodjes ti“.

Пејачот инаку замина на 71 годишна возраст, а зад себе ги остави трите синови, сопругата и внуците.

Често во интервјуата говореше колку му значи неговото семејство кое му беше и најголема поддршка во животот.

 

Најстариот син на пејачот Дино пејачот го добил во 1975-та година, а три години подоцна се родиле близнаците Давор и Дамир.

Оливер и Весна по раѓањето на нивниот прв син сакале да ја зачуваат традицијата и иницијалите Д.Д да им ги дадат на сите три сина.

За сопругата на пејачот се уште се зборува во Сплит како за една од ретките трудници кои на својот пораѓај дошла со градски автобус, додека Оливер во тоа време бил во Лондон.

Ниту еден од синовите не кренале по стапките на својот татко, но можеби еден ден неговите внуци ќе ја продолжат лозата на својот дедо.

Иако таа од никогаш не сакала да биде во центарот на медиумската јавност, по неговата смрт пред три години за прв пат даде свое интервју, а потоа поради потребата на јавноста да раскажува детали од животот со пејачот често започна да биде дел од медиумите.

Така во една прилика се најде на насловната страница на хрватскиот магазин „Глориа“ заедно со своите шест внучиња.

Најнови вести