Најпознатата балканска старлета Сораја Вучелиќ е бремена. Девет месеци ја криеше својата бременост од сите, а сега остануваат само уште неколку дена до породувањето, дознаваат локалните медиуми.
Сораја носи син и целосно ќе му се посвети на семејството. Таа едвај чека да се исполни во најважната улога во нејзиниот живот.
-Сораја одамна се повлече од јавноста и живее поинаков начин на живот. Таа чека бебе и е целосно посветена на бременоста и раѓањето на нејзиниот син. Верувај ми, таа ужива и не ја интересира ништо друго освен родителството. Штом дознала дека ќе стане мајка, ги исклучила социјалните мрежи и се посветила на семејството, изјавил добро информиран извор.